Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар и Етрополе (Бугарија) заедно ќе бараат пари од ЕУ за проекти

Објавено

на

Општина Гостивар и бугарската Етрополе ја продлабочуваат меѓусебната соработка. На денешната седница на гостиварскиот Совет беше донесена одлука за збратимување, која како што беше образложено оди во насока на здружување на силите во аплицирање за проекти поддржани од Европа Унија и реализација на други заеднички активности од разни области.

„Пред околу три недели заедно со градоначалникот Таравари бевме во посета на градот Етрополе, кој се наоѓа близу Софија. Увидовме дека постојат можности за заедничко аплицирање за проекти од ЕУ и затоа и се прави овој чекро на збратимување. Секако, целта е и да се создаваат нови пријателства, да се реализираат активности и соработки во областа на образованието, културата, спортот“, рече претседателот на Советот, Валбон Лимани.

При посетата на Етрополе, градоначалниците на Гостивар и бугарската општина, Арбен Таравари и Димитар Димитров потпишаа Договор за соработка, за кој беше речено дека е почеток во воспоставувањето односи кои во иднина ќе придонесат за размена на искуства и соработка во различни области.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена