Гостивар
Гостивар и Маврово со најмногу градби во Полошко лани

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност во Полошкиот регион минатата година извршиле градежни работи во вредност од 1.748.339 илјади денари, од кои 668.231 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во текот на 2022 година се градени вкупно 226 објекти, а завршени се 87 станови со вкупна површина од 8 266 метри квадратни, од кои 87 се во индивидуална сопственост.
По општини, најмногу се градело во Гостивар, Маврово и Ростуше, потоа во Тетово и Брвеница.
Во 2022 година во Гостивар се евидентирани 95 градежни објекти, а завршени 10 станови, просечната корисна површина на завршените станови е 135 метри квадратни, во Маврово и Ростуше запишани се 31 градежен објект од кои 30 во приватна сопственост, а изградени се 68 станови со просечна корисна површина од 74 метри квадратни. Во Тетово бројот на градежни објекти изнесува 28, завршени биле 3 стана, во Брвеница 18, финализирани 2 објекти.
Во земјава во текот на 2022 година се градени вкупно 2.519 објекти, а завршени се вкупно 3.844 станови со вкупна површина од 257 085 м2, од кои 3 714 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 66.9 м2.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот итн.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!