Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар и‘ оддаде почит на прерано починатата професорка Зејнепе Барди Челебиу

Објавено

на

Денес во општинската сала на Гостивар, се одржа комеморација во чест на професорката по биологија Зејнепе Барди Челебиу, која по кратко боледување почина на 43-годишна возраст.

Го загуби животот прерано, оставајќи ги зад себе сопругот Беким Челебиу и децата Детјон и Ерин. Важеше за почитувана и посветена наставничка, еко-активист и човек со позитивна енергија, беше речено на комеморацијата.

„Зејнепе Барди Челебиу, отвори голема рана во срцата на нејзиното семејство и предизвика голема болка кај секој човек што ја познаваше, учениците и колегите. Како професор по биологија, со своето знаење и благородна душа, едуцираше ученици кои никогаш нема да ја заборават. Беше и неуморна активистка со ретко развиен концепт за заедницата во однос на животната средина и здавјето. Беше и дел на Форумот на жените на Алијансата за Албанците во Гостивар, бидејќи сакаше да придонесе за промени. Ќе ни недостига една таква личност, која беше редок и вреден архитект на животот. Сочувство до семејството, Бог нека му ги чува децата!“, рече меѓу другото, градоначалникот Арбен Таравари.

Претседателот на Советот, Бесим Мемеди, како соселанец и семеен пријател зборуваше за благородната и искрена душа на починатата, а во името на колегиумот на ОУ „Исмаил Ќемали“, каде таа работеше долги години, реферат прочита Бурим Капроли.

На присутните, со краток емотивен говор, им се заблагодарија сопругот Беким Челебиу и нејзиниот брат Шемси Барди.

Освен преку искажаните зборови на сеќавање, присутните и‘ одадоа почит на Зејнепе и со едноминутно молчење.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена