Гостивар
Гостивар има 174 активни случаи на корона, се намалува и бројот на новозаразени
Преполовен е бројот на активно заразени со коронавирус во регионот на Гостивар. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, вкупно ги има 174. Изминатиот период се бележи и пад на нови потврдени случаи. Од над 80, колку што ги имаше претходно на неделно ниво, бројката стигна до 50-тина.
Подобрувањето на состијбите не значи дека граѓаните треба да се опуштат, велат медицинските лица. И понатаму како превентива од ширење на вирусот се препорачува максимално почитување на мерките на заштита: маска, дистанца и хигиена.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253.
Анализите на надлежните покажуваат дека во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,8%), малаксаност (41,5%), кашлица (38,5%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,8%), треска (11,7%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,1%) и отежнато дишење (10,5%).
Кај 26,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба