Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар има таленти со кои може да се гордее!

Објавено

на

Успешни математичари, хемичари, пејачи, спортисти… Гостивар има многу млади таленти од различни области, со кои може да се пофали и да се гордее. За придонесот во афирмација на градот и постигнатите резултати, денес општината им додели благодарници и ваучери на шест млади успешни гостиварски таленти.

За нив беше органииран и прием кај градоначалникот Арбен Таравари.

„Нема поголема гордост за еден градоначалник кога ќе биде заедно со толку успешни ученици, денес од наутро одбележуваме само успеси на нашите деца. Она што јас како градоначалник може да го направам е да им посакам се‘ најдобро, да бидам горд на нив, оти тие се најдобрите амбасадори на нашиот град. Посакувам да бидат рол модел, пример, којшто ќе го следат и другите деца, и токму заради тоа ги промовираме, за сите деца да сфатат дека подобар пат за успех од  труд, посветеност и работа нема.“, истакна Таравари.

Признанија за успесите добија: каратистите Доан Османи и Иса Елмази од карате клубот Фати, кои на последното Балканско карате првенство освоија златни медали, Виктор Максимовски, ученик во ОУ „Единство“ кој на математичката Олимпијада освои бронзен медал, Хана Ќазими, ученичка во ОУ „Исмаил Ќемали“ за освоени први места на натпревари по хемија, како и Тамара Грујевска и Лина Демири за значајни музички постигнувања.

Благодарници исто така им беа доделени и на Арлинд Хусеини, тренер на младите успешни каратисти од Гостивар, и на кошаркарскиот тренер Мирко Петревски за резултатите како помошник тренер на Бурсаспорт.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена