Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар ќе добие 6 нови детски катчиња од кои едно за децата со посебни потреби

Објавено

на

Во Гостивар ќе се поставуваат нови детски катчиња, со реквизити и други забавни содржини за најмалите. Локалната самоуправа објави тендер за набавка и монтажа на вкупно шест нови игралиштата, од кои едно ќе биде специјално прилагодено за децата со посебни потреби.

Игралиштата ќе бидат опремени со лизгалки, лулашки, клацкалки, тобогани и други слични интересни, рекреативни и едукативни елементи.

Тендерот за набавка и монтажа на новите детски игралишта е отворен до 24 јули, по што ќе биде избрана најповолната понуда. Избраната фирма ќе биде ангажирана и за соодветна подготовка на теренот на локациите кадешто ќе се постават катчињата.

Несомнено оваа вест е добра за родителите и дечињата, но не треба да се занемари фактот дека детските игралишта во Гостивар редовно се уништуваат, а реквизитите брзо остануваат преполовени и нефункционални.

Тоа го потврдуваат и граѓаните. Тие сметаат дека се потребни што повеќе детски катчиња за забава и апелираат игралиштата да се чуваат, да се покаже поголема свест и внимание кон простор кој е наменет за забава на децата.

Во изминатиот период гостиварската општина вршеше обнова и поправки на реквизити на постоечките детски игралишта.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена