Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Гостивар ќе добие уште една детска градинка во Долна Бањица

Зградата на поранешното основно училиште во гостиварското село Долна Бањица, ќе се пренамени во детска градинка.

За адаптацијата на градинката, Општина Гостивар ќе инвестира од околу 50 илјади евра, со што ќе се направи целосна реконструкцијата на објекот.

Внатрешната и надворешна реконструкција, како известува Службата за информирање од Општина Гостивар, опфаќа нова електрична инсталација, нови санитарни јазли, керамички плочки, нов систем за водоснабдување и канализација, а старите прозорци ќе се заменат со прозорци со енергетска ефикасност.

„Што се однесува до централното греење, ќе се инсталира топлинска пумпа како најсовремен метод. Се очекува работите да завршат наскоро, а новата детска градинка ќе биде подготвена да прифати деца од сите националности, односно нивното згрижување и воспитување да се одвива на албански, македонски и турски јазик“, се наведува во соопштението на Општината.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар велат дека се одлучиле на овој потег бидејќи бројот на деца кои чекаат за упис во ЈУДГ „Детска радост” е постојано висок и дека ова ќе биде добра прилика, особено за жителите на двете Бањици и на наслебите Дутлок, Леска, Бањешница и Фазанерија да ги запишат децата во новата градинка. 

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!