Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар ќе добие уште една градинка – потпишан договор за грант од 30 милиони денари

Објавено

на

Во Гостивар ќе се гради нова градинка со капацитетот од 100 деца. Со ова се очекува целосно да бидат задоволени потребите и барањата на родителите за згрижување на децата во градинките. Новиот објект ќе се доградува во склоп на веќе постоечкиот „Цветови“.

За таа намена, Министерството за труд и социјала обезбеди грант за општината од 30 милиони денари. Договорот денес во Скопје го потпишаа министерката Јагода Шахпаска и градоначалникот Арбен Таравари.

„Општина Гостивар како опозициска општина имаше фантастична соработка со Министерството за труд и за среќа продолжуваме да имаме прекрасна соработка и со новата министерка, затоа и успесите на терен ги има. За овие 3 години како сме на чело на општината имаме 4 нови градинки и еве денес потпишуваме договор за уште една. Тоа е огромен успех за една урбана општина. Имавме околу 350 деца на листа на чекање, сега се околу 200, но и таа бројка е со оглед на скратените капацитети заради протоколите. Мислам дека со новата градинка и со работа со полн капацитет во Гостивар веќе ќе нема листи на чекање“, изјави градоначалникот.

Министерката нагласи дека поддршката од општините е неопходна за да се реализираат проекти во корист на децата.

„Со проширувањето на постоечките објекти и изградба на нови, работиме посветено да го подобриме квалитетот на предучилишното образование. За нас децата се врвен приоритет и секако неопходна е подршката на општините заеднички да ги движиме работите во вистинска насока.“, изјави Шахпаска.

Од повторното отворање на градинките во Гостивар, до сега биле потврдени два позитивни случаи на коронавирус, една воспитувачка и едно дете. „Во градинките во Гостивар максимално се почитуваат протоколите за заштита, затоа и нема високи бројки на заразени. Навистина доколку сите се придржуваат до мерките доследно, вирусот нема да се шири“, рече Таравари.

Министерката Шахпаска информираше дека на ниво на држава во градинките вкупно до сега биле регистрирани 109 вработени и 33 деца позитивни на ковид. Таа нагласи дека состојбата секојдневно се следи и дека за сега е под контрола.

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена