Поврзи се со нас

Култура

Гостивар ќе го чествува 24 Мај со поетскиот фестивал „Литературни искри“

Објавено

на

Празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24 Мај во Гостивар и оваа година ќе се одбележи во духот на поезијата. Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ го доживува своето шесто издание. Подготовките за манифестацијата се веќе при крај, а организаторите информираат дека на фестивалот со свои стихови ќе блесат петнаесетина квалитетни поетски имиња од земјава и од странство.

„Нема сомнеж дека и годинава „Литературни искри“ ќе приредат уживање за љубителите на пишаниот збор. Веруваме дека подготовките кои траеа неколку месеци ќе ги крунисаме во петок со голем и впечатлив поетски настан. Да потсетиме дека годинава на конкурсот се пријавија рекордни над 160 домашни и странски автори, од кои жири комисијата ги избра финалистите, кои ќе се претстават на фестивалот и кои влегоа во трка за наградите.“, велат организаторите од Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“.

Фестивалот доделува Гран При, Прва, Втора и Трета награда, како и награда за Најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра. Песните годинава ги оценуваше жири комисија во состав: како претседател Виолета Танчева Златева, истакнат поет, раскажувач, лектор, член на Друштвото на писатели на Македонија, и членовите Лулзим Хазири, поет и Гордана Страшевска, професор по македонски јазик.

Манифестацијата ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар со почеток во 12 часот. Програмата предвидува и промоција на заедничката збирка на најдобро оценети поети и музички настапи на младите таленти Теодора Матеска, Ристе Брчиоски и Гентијана Јашари.

Годинешното издание на МПФ „Литературни искри“ се реализира со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар и спонзори.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на манифестацијата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 52 минути

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена