Гостивар
Гостивар ќе има Центар за дијаспора, поддршка за иселениците и очекувања за инвестиции

Во Гостивар насокоро ќе профункционира Центар за дијаспора, што ќе има посредничка улога меѓу институциите и иселениците од овој крај за различни прашања. За таа цел, денес беше потпишан Меморандум за соработка од страна на градоначалникот Арбен Таравари и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
Преку овие канцеларии печалбарите ќе добијат пристап до потребните информации и дополнителни инструкции врз основа на нивните права за соодветните процедури во надлежните институции.
„Во Гостивар четири години наназад функционира канцеларија за иселеници, меѓутоа само сезонски. Преку зима еден месец и преку лето три месеци за административните потреби кои ги имаат иселениците. Но, ова е веќе подобра опција за давање на такви услуги, канцеларија која ќе работи во континуитет“, изјави Таравари.
Канцеларијата исто така, ќе треба да помогне во креирање база на податоци за бизнис дијаспората, како предуслов за развој на соработка со бизнис заедницата во земјава, поточно привлекување на странски инвеститори.
„Централната, локалната власт и невладините организации ќе имаат соработка со цел за доброто на нашата дијаспора. Веруваме дека ефектите на овој проект ќе се вратат како инвестиција од нашата дијаспора, која ја има во голем број во западните земји во Гостивар и целата држава“, истакна министерот Чупи.
Центарот за дијаспора ќе има овластувања: да ја информира дијаспората за сите нивни права и обврски за време на престојот во матичната земја, да придонесе за создавање база на податоци за сите здруженија активни во дијаспората, со акцент на економската и научната дијаспора, да се иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за заеднички проекти и да го дистрибуира огласот за конкурсот на кабинетот на министерот надлежен за дијаспора за финансиска поддршка на здруженија од локалната дијаспора итн.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава