Гостивар
Гостивар ќе има Центар за грижа и нега на ранливи групи и кујна за здрава храна

Во Гостивар ќе се отвори мултифункционален Центар за социјални услуги, преку кој ќе се пружа нега и грижа на ранливи категории граѓани. Центарот ќе функционира како регионален за полошкото подрачје, а ќе биде сместен кај објектот на поранешниот колеџ. Проектот заеднички го спроведуваат УНДП и Општина Гостивар, а денес беше официјализиран со одлука за отпочнување постапка за основање на Центарот, што ја донесе општинскиот Совет на седница.
„Увидовме дека има голема група на граѓани со попречености, алцхајмер, мултиплекс склероза итн. на кои им е потребна поддршка за достоинствен живот. Центарот, преку обучени лица, ќе дава услуги на нега и асистенција директно во нивните домови, а исто така ќе пружа услуга на семејствата, односно одмена на семејна грижа, како и услуги за рехабилитација.“, појаснија претставниците од УНДП.
Во склоп на објектот предвидено е да функционира тренинг центар и кујна за здрава храна, кадешто ќе се подготвуваат здрави оброци за корисниците, но и за учениците од основните училишта во Гостивар. Капацитетот ќе биде од 300 до 700 оброци на ден, кои ќе им бидат дистрибуирани на граѓаните до дома. Кујната ќе функционира по моделот на јавно-приватно партнерство.
Градоначалникот Арбен Таравари смета дека овој проект е многу важен за Гостивар, како и за целиот полошки регион.
„Центарот претежно ќе дава социјални услуги на луѓе со посебни потреби и на оние кои имаат поспецифични болести, кои причинуваат некаква инвалидност. Ова е првиот центар од ваков тип кој се отвара во државата и е многу значаен. Би сакал јавно да им се заблагодарам на УНДП и Швајцарската Амбасада коишто беа со нас од самиот почеток, кога ова беше само идеја, а еве сега станува реалност.“, рече градоначалникот.
Првичните најави се дека Центарот ќе почне со работа за околу два месеци.
Инаку одлуката за основање беше донесена едногласно, со поддршка на сите присутни советници на денешната седница.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022