Гостивар
Гостивар ќе има скоро 15% поголем буџет во новата година

Буџетот на Општина Гостивар за 2023-та година ќе тежи 1.257.300.000 денари, што е за 85.096.000 денари (14,8%) повеќе од годинешниот. Документот е се‘ уште во форма на предлог-буџет и како таков денес беше презентиран пред граѓани, претставници на месните заедници и институции, со цел да го дадат своето мислење и сугестии.
„Општина Гостивар и оваа година продолжи со практиката да го презентира Буџетот пред граѓаните, пред истиот да биде даден на усвојување до Советот на општината. На овој начин се зголемува нивото на транспарентност во работата на општина Гостивар и граѓаните стануваат активни чинители со вклучување во дебати кои директно ги засегаат индивидуалните, групните и колективните интереси на граѓаните. Се очекува буџетот на Општина Гостивар за 2023-та година да тежи 1.257.300.000 денари, што е за 14,8% повеќе од оваа година. Што се однесува до капиталните инвестиции, фокусот е ставен на градската патна инфраструктура, училиштата и градинките. Слични инвестиции се очекуваат и во селата.“, рече Имер Мемеди, раководител на општинското Одделение за буџет и контрола.
Од локалната самоуправа наведоа дека предлозите од граѓаните ќе бидат земени предвид, ќе се разгледаат и по можност ќе се вклучат во предлог-буџетот, пред да се најде на гласање во Советот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава