Музика
Гостивар ќе му оддаде последна почит на прерано починатиот Стеве Јаковлески

Основачот и фронтмен на првиот гостиварски поп рок бенд Порта Нигра, Стеве Јаковлески ненадејно го загуби животот во несреќен случај во Марбург, Германија кадешто живееше со семејството две и пол децении.
Неговите другари од Гостивар во негова чест организираат помен парастос кој ќе се одржи во среда (20 септември) во црквата „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад во 12 часот. Другарите го паметат прерано починатиот музичар како прекрасен човек, врвен музичар, добар другар и со овој чин сакаат Гостивар да му одаде последна почит.
Стеве Јаковлески е роден 1964 година во Гостивар. Завршил средно образование во гостиварската гимназија, а дипломирал на Факултетот за геодезија во Скопје.
Неговиот бенд Порта Нигра во свое време беше забележителен на македонската музичка сцена, благодарение на песните кои Стеве ги создаде: Каде одат сите девојки, Гордана, Блуз интродакшан и други. Учествуваа и на Макфест во 1991 година со песната Прости ми на Ванчо Димитров.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила