Вести
Гостивар ќе се раззелени со 350 декоративни дрвца
Екипите на јавното претпријатие за паркинг и зеленило во Гостивар ќе го искористат сончевиот викенд за засадување на декоративни дрвца на повеќе локации во градот. Засадувањето на фиданките започна денес, на потегот од кружниот тек кај Малеарди кон раскрсницата кај поранешен Жито Шар. Планирано е да се засадат вкупно 350 садници.
И градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта денес, заедно со работниците, се фати за лопата. Засади неколку дрвца и порача дека зеленилото мора да се негува и чува.
„Дрвата играат голела улога за животната средина и здравјето на граѓаните и затоа решивме да засадиме нови. Што повеќе дрвца и повеќе зеленило имаме, толку помалку ќе има прашина и ќе дишеме чист воздух“, рече Бејта.
Јавното претпријатие за зеленило, деновиве спроведе активности за уредување на јавни површини со декоративни оази со трева и цвеќиња, покрај Кејот на Вардар и на простори пред колективни згради.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград