Поврзи се со нас

Вести

Гостивар: Кривична пријава за полицаец и група фалсификатори на документи

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против четири лица за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „помагање“, „измама при добивање на кредит или друга погодност“, „фалсификување исправа“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Г.М.(44) од Гостивар за сторени кривични дела „фалсификување исправа“и „употреба на исправа со невистинита содржина“, потоа против Б.З.(38) од село Лисичани, општина Пласница за сторени кривични дела „помагање“ а во врска со „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“. Кривично пријавено е и лицето П.М.(35) од село Долна Бањица за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „помагање“ во врска со „Употреба на исправа со невистинита содржина“ како и против Р.М.(40) од село Чајле, гостиварско, за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ во врска кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, стои во извештајот на МВР.

Имено, во периодот од август до септември 2016 година, Г.М., полициски службеник во ПС Гостивар, изготвил лажен договор за купопродажба на патничко возило „голф” помеѓу Ќ.Б, како продавач и второпријавениот Б.З., како купувач.

Потоа, на 09.08.2016 година, тој, во име на второпријавениот, ваквиот договор, заедно со потврдата за престој во странство од второпријавениот, ги приложил во Бирото за метрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Б.З., во текот на јуни 2016 година, на првопријавениот му дал на располагање потврда за пријавен престој во Р. Австрија издадена од Отсек за управни работи Охрид-Кичево, за истата да се употреби во постапка во Бирото за метрологија при Министерството за Економија. Третопријавениот, П.М. на 05.08.2016 година, лажниот договор за купопродажба на наведеното возило, ги однел на заверка кај нотар во Гостивар.

На 29.09.2016 година во Гостивар во отсекот за управни служби на МВР, четвртопријавениот, Р.М. во постапка за регистрација, го употребил лажниот договор за купопродажба на наведеното патничко возило.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена