Гостивар
Гостивар ланската година ја заврши со 5.382 невработени, бројката се намалила за околу 600

Според податоците објавени од Агенцијата за вработување, 2018-та година во Гостивар е заокружена со вкупно 5.382 невработени лица. Ако се спореди со претходната, 2017-та, бројката на невработени бележи намалување за околу 600.
Поголемиот дел од евидентираните невработени на гостиварското подрачје, или 3.472 се од машки пол. Што се однесува до образованието, на листата има 51 магистар, еден доктор на науки, 508 со завршен факултет, околу 1.500 среднисти, над 350 со непотполно средно образование, а најбројни се оние без никакво или само со основно образование, скоро 2.950.
Според националната припадност 1.458 се Македонци, 2.641 се од албанска националност, 557 Турци, 413 Роми и други.
Од поделбата во возрасни групи, може да се забележи дека невработеноста е проблем кој не бира возраст. Така меѓу невработените има лица на 15 години, како и граѓани со над 60 години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024