Гостивар
Гостивар меѓу градовите со најмногу грипосани

Лекарите имаат полни раце работа периодов. Амбулантите во Гостивар се преполни со пациенти кои имаат симптоми на сезонски грип и вирози. Најчесто се жалат на болки во грлото, растечен нос, покачена температура, кашлање и други респираторни тегоби. Според официјалната статистика Гостивар е на трето место по потврдени случаи на грип. Реалните бројки пак се многу поголеми, со оглед дека не сите се пријавуваат. Во последнито извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 12 до 18 декември во земјава регистрирани се вкупно 111 заразени со грип, што е скоро 20% повеќе од претходната недела.
Заболените се пријавени од во Дебар – 35, Тетово – 31, Гостивар – 14, Скопје – 12, а во Прилеп, Струмица, Кавадарци, Куманово, Битола, Македонски Брод и Штип, бројот на пријавени е помал од 10.
Во однос на возраста, 49 лица се на возраст од 15-64 години, 31 кај деца на возраст од 0-4 години, 27 кај деца на возраст од 5-14 години и 4 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца се под границата на позитивност од 10%. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има спорадична раширеност и низок интензитет на активноста на вирусот на грип.“, стои во извештајот на ИЈЗ.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 7 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава