fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Гостиварци обединети на протест против Русино

Четврточното попладне во Гостивар помина во знак на изразување револт против депонијата Русино. Граѓаните во голем број излегоа на мирниот протест што го организираше Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – Чист воздух за Гостивар“, обединети во борбата против загадувањето од депонијата и за здрава животна средина на идните поколенија.

Протестот се спроведе со автомобили, поради актуелната состојба со ковид, за да се избегнат поголеми групирања. Започна од кај големиот мост во Дутлок, продолжи по ул „Живко Брајковски“, па по булеварот „Браќа Ѓиноски“ и низ други градски улици.

„Русино гори, капацитет нема иако надлежните ќе кажат дека има! Ѓубриштето трули и тој исцедок ја загадува почвата. Воздухот е загаден, сведоци сме веќе подолг временски период.Локацијата е несоодветна бидејќи е на 800 метри надморска височина и целиот воздух доаѓа во Сушица, Бањица, Гостивар, Форино, Чегране…Русино е тивок убиец одговорен за масовни недокажани убиства!Апелираме и ги повикуваме локалната самоуправа, Министерството за животна средина, инспекторите за животна средина, јавните обвинители во Гостивар да пристапат сериозно кон решавање на проблемот еднаш засекогаш-еколошката катастрофа Русино да се затвори! Да се запре итно горењето на Русино. Да се затрупува секоја недела наместо еднаш на 4 месеци, додека се затвори. Депонијата да се затвори и да се инвестира во санирање на последиците кои таа ги остава. Надлежните итно да с зафатат со наоѓање нова локација за регионална депонија по ЕУ стандарди. Гостивар е домаќински град, бараме домаќински да се управува со отпадот. Гостивар е наш заеднички град и заеднички ќе се бориме да почне да дише. Гостивар мора да дише!“, нагласи Анастасија Дукоска, од Граѓанската иницијатива.

Поддршка за протестот изрази и градоначалникот Арбен Таравари, но рече дека дислокација на Русино во скоро време не е можно да се направи и дека на јавна дебата ќе се дискутира кои и какви чекори реално ќе се преземат.

„Русино е 20 годишен проблем на Општина Гостивар, која е регионална депонија за цел полошки регион. Загрижувачки е, особено последната година, скоро секој втор ден има пожар, загадување на воздухот, непријатна миризба. Од пред 2,5 години ние немаме никакви ингеренции врз депонијата, но мора да се најде некое решение.  Затоа денес, заедно со пратеникот Халил Снопче излеговме да го изразиме нашето жалење и горчина за проблемот со кој се соочуваме и што како локална власт имаме врзани раце за преземање одредени чекори. Таму веќе се спроведува еден проект за уредување и чистење на депонијата. А за дисклокација, како што бараат невладините организации е проблем веднаш тоа да се направи. Претпладне имав состанок со невладиниот сектор и предложив да направиме јавна дебата и да видиме како да ја решиме оваа ситуација која не мрда од место, не оди ни напред, ни назад. Да видиме што реално можеме да направиме“, изјави градоначалникот.

Протестот помина мирно, а го поддржаа граѓани од сите возрасти и националности, со што Гостивар уште еднаш го докажа духот на заедништво и сплотеност за доброто на градот.

Фотогалерија од протестот ТУКА.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Кој ќе ја состави новата Влада?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!