Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 08/01/2019 | 12:13

Гостивар: Му го украле возилото од пред зграда, го возеле и го оставиле во Циглана 1

Педесет и петгодишниот гостиварец А.Ј, ноќеска ( 8 јануари ) околу 1 часот и 20 минути, пријавил дека час и половина пред тоа, засега непознати сторители му го одзеле неговото возило „Опел астра“ со гостиварски регистарски таблици, кое незаклучено, со клуч во бравата, го оставил на паркингот пред зградата на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, информираат од полицијата.

Набрзо, возилото било пронајдено во гостиварската населба Циглана 1, но на повеќе места видливо оштетено.

Возилото е фотодокументирано и денеска ќе се врши комплетен увид, а поради сомнение дека го одзел лишен од слобода е 33-годишен гостиварец.

Напишете коментар