Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 29/11/2018 | 16:02

Гостивар на врвот на листата по број на склучени бракови

Со 232 брака склучени во третото тримесечје од годината, Гостивар се наоѓа веднаш по Скопје на листата со податоци која ја објави Државниот завод за статистика. Во Скопје во истиот период се евидентирани 879 новоформирани брачни заедници. Уште два града ја надминуваат бројката од 200 и тоа Битола со 210 и Тетово со 220 венчавки.

Според ДЗС, на гостиварското подрачје во месеците јули, август и септември се родиле 199 бебиња, а починале 148 лица, што значи дека се бележи позитивен природен прираст. Бројката пак на разводи, за истиот период изнесува 20.

Во Врапчиште во третото тримесечје биле склучени 79 бракови, а разведени 4. Во оваа општина се родиле 41 бебе, а починале 49 лица. Во Маврово Ростуше регистрирани се  11 новороденчиња, 20 починати, 41 брак и два разводи.

Напишете коментар

Close