Вести
Гостивар наредната година со буџет од 1 милијарда и 98 милиони денари
Општина Гостивар за 2017-та година има проектиран буџет од 1 милијарда 98 милиони 684 илјади денари. Најважниот финансиски документ на локалната самоуправа беше усвоен од Советот на општината на денешната седница, последна за годинава.
Општинската каса најмногу ќе се полни од трансфери и дотации кои во вкупните приходи учествуваат со 64%. По нив следуваат средствата од даноци со 20,9% во кои влегуваат данок на имот, данок на доход и други.
Што се однесува до расходите, 52,3% отпаѓаат на плати и надоместоци, а за капитални инвестици се предвидени 23,5% од вкупниот буџет.
Во расходите предвидени се и пари за трошоци наменети за локалните избори кои ќе се одржат наредната година и тоа во висина од 5,7 милиони денари.
Споредено со 2016-та, буџетот на општина Гостивар за наредната година е зголемен за над 5 милиони денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар