Во таков случај важат препораките: возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, гума и слично, правилно да се користат печките за дрва, да се користи јавен превоз. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги даваат следните препораки: Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Штетни ПМ10 честички во воздухот над дозволеното во Гостивар, денес има преку целиот ден. Околу 11 часот беа измерени над 200 микрограми, што е 4 пати над границата. Во 14 часот, концентрацијата изнесува 133 микрограми на метар кубен.