Гостивар
Гостивар: По напад, препирка и закани во станица завршиле 3 лица

Вчера (28 јануари) во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.И.(25) и Ј.К.(35), двајцата од Добри Дол, како и В.Ф.(29) од Гостивар.
„Според пријавеното, околу 5.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ тие со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В.Ф.(29) од Гостивар, по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Како што е пријавено, при обид да побегне, В.Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило. Во врска со настанот, во 16.00 часот во ОВР Гостивар, С.С.(35) од Гостивар пријавил дека околу 12 часот во неговиот дом дошле В.Ф. и И.Ј., физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле пари. В.Ф., исто така, бил лишен од слобода и по расчистување на случајот против инволвираните ќе следува соодветна пријава.“, соопшти СВР Тетово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести