Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар подготвен за достоинствено чествување на Богојавление Водици

Објавено

на

Привршија сите подготовки за одбележување на големиот христијански празник Богојавление Водици во Гостивар, кој се слави утре на 19 јануари. Деветта година од возобновувањето на традицијата на чествување со литија и положување на светиот крст во Вардар, православните верници заедно ќе се радуваат на празнувањето.

Иницијативниот одбор денес ја одржа последната средба за координација, откако изминатиот период посветено и со љубов работеше на сите неопходни подготовки. Годинешните кумови на Водици, според традициите на денешен ден Водокрст со градскиот крст ги посетија домовите, посакаа здравје и бериќет, и на крај се придружија на средбата во црквата Успение на Пресвета Богородица.

„На сите верници им го честитаме утрешниот голем христијански празник, а воедно и на кумовите им посакуваме здравје, радост и среќно и бериќетно ново господово лето. Денеска кумовите традиционално шетаат со крстот во нивните семејства, со посен ручек, ние пак ја вариме ракијата што утре ќе се дели. Претходно се завршија сите останати подготовки. Утре се покануваат сите верници во 11 часот да дојдат пред Соборниот храм Успение на Пресвета Богородица, затоа што поворката ќе почне од овде и убаво е што повеќе верници да ни се придружат. Од тука сите ќе се упатиме кон Кејот, како што е традицијата секоја година“, рече д-р Никола Петровски, кој е дел од Иницијативниот одбор.

Литијата ќе помине низ централното подрачје на Гостивар и ќе заврши на мостот на Вардар од каде ќе биде извршен чинот на осветување на водите и положување на крстот во реката.

Оваа година за вадење на светиот крст во Гостивар се пријавени околу 35 момчиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена