Вести
Гостивар подготвен за избори – право на глас имаат 76.362 граѓани
Изборните комисии на трите општини од поширокиот гостиварски регион: Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше се подготвени за спроведување на утрешните парламентарни избори. Денес, според законските одредби, гласаат болните и изнемоштени лица.
Во општина Гостивар право на глас имаат вкупно 76.362 граѓани распоредени во 121 избирачко место. Избирачките одбори во текот на денешниот ден ќе посетат 156 гласачи кои се пријавиле за болни и немоќни и ќе им овозможат да си го остварат правото на глас.
На подрачјето на општина Врапчиште во избирачкиот список запишани се 24.439 гласачи. Во оваа општина има 39 избирачки места, додека бројот на болни граѓани кои гласаат денес изнесува 28.
Во општина Маврово Ростуште утре можност да гласаат имаат 8.964 полнолетни граѓани на вкупно 39 избирачки места. Денес се спроведува гласање за 34 граѓани, болни и стари лица.
Избирачките места во недела се отвораат во 7 часот наутро и гласањето трае до 19 часот навечер.
На парламентарните избори 2016-та изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk