Гостивар
Гостивар полн со питачи, цели групи и семејства доаѓаат од други градови да „печалат“

Гостиварските улици периодов се полни со лица кои питачат. Лесно може да се забележи дека најголемиот дел од нив се од други градови, организирано и наменски дојдени на питачење во Гостивар во сезона кога престојуваат печалбарите. Ова е пракса која се повторува секоја година и според стручните служби се работи за поголеми групи и цели семејства кои го користат питачењето како свој „бизнис“.
„Сето тоа е централно организирано како некој вид на „бизнис“ во кој тие собират свој дел на „сезонски кајмак“. Полицијата е активирана со социјалните служби неделно отприлика два пати се прават акции да се предупредат тие луѓе.“, вели психологот Билен Карахасан.
Она што е загрижувачки е големиот број на деца вклучени во питачење. За да се делува врз таквата негативна појава, потребни се системски решенија и промени, вели психологот.
„Најчесто тие деца се нивни деца, тоа се фамилијарни „бизниси“. Нормално дека ние сме против тоа деца да питачат, меѓутоа тие патуваат, одат од град до град и тешко се регистрираат во системот. Тоа не е ништо ново, трае со години. Треба поинаков пристап, да имаме ресурси и средства кои ќе се насочат кон решавање на тој проблем. Тоа не се решава со зборување, советување, бидејќи децата се високо мотивирани тоа да го прават. Ако едно дете на питачи собира по 1000 или 2-3 илјади денари во денот, тоа е повисоко од било чија дневница и за него е висока мотивација. Него не го мотивира разговор и совети „биди добро дете“ „немој да питачиш“ и сл. Тука треба самата држава малку постратешки да работи на тоа, посистемски да се пристапи, со отворање на специјализиран Центар на пример кој ќе се занимава само со тој феномен“, смета Карахасан.
Питачењето како општествено девијантна и асоцијална појава е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и за ваков вид прекршок е предвидена парична глоба до 50 евра.
Полицијата изминатиот период во неколку наврати во Гостивар приведе повеќе лица за питачење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос