Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар повикува: Ајде на планина!..Развој на планински туризам и еко едукација на младите

Објавено

на

Развој и промоција на алтернативниот туризам, нови планинарски и велосипедски патеки, мотивирање на младите за здрав начин на живот и еко-едукација. Ова се дел од придобивките што се очекуваат од проектот „Гостивар повикува:Ајде на планина!“, кој официјално отпочна денес со промотивен настан.

Во општина Гостивар во изминатите години беа спроведени неколку проекти за развој на планинарскиот и алтернативен туризам, кој што бележи подем во светски рамки. Сите планинарски, еколошки и други здруженија, како и заинтересирани граѓани, преку денешниот настан дадоа свои предлози за планинарски и велосипедски патеки кои ќе се уредат согласно меѓународни стандарди и врз основа на законските прописи за уредување на планинарски патеки.

Проектот го спроведуваат Асоцијацијата за демократски иницијативи-АДИ и Здружението Планинарски спортови-Шар.

„Граѓанските организации се партнери на општините и ги поддржуваат во обезбедувањето на потребите на локалните заедници. Проектот ќе ги зајакне човечките ресурси за планинарски и алтернативен туризам, ќе развие нови содржини на патеки (планинарски, велосипедски) и дополнителни едукативни можности за природните и културните потенцијали на општината. Истовремено проектот ќе има придонес и во локалниот економски равој, а особено ќе ги стимулира гранките на економијата кои се поврзани со угостителството, занаетчиството и развој на рурален алтернативен туризам.“,  изјави Љулзим Хазири, извршен директор на АДИ

Претседателот на Здружението за планинарски спортови ШАР, Ќерим Абази во обраќањето на настанот изрази задоволство што се дел од проектот, со очекување за успешна реализација и позитивни резултати.

Проектот „Гостивар повикува:Ајде на планина!“ се реализира во соработка со Општина Гостивар, која учествува во финансирањето со околу 20%.

„Како и до сега, продолжуваме да ги поддржуваме активностите на граѓанските организации, здруженија и неформални групи граѓани. Горди сме што успеваме со таквата меѓусебна соработка и партнертсво да спроведуваме корисни активности, во случајов да придонесеме за развој на планинскиот туризам и да ги поттикнеме младите да ги менуваат навиките, да практикуваат здрав начин на живот“, рече претседателот на Советот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

Фокусот на активностите ќе биде ставен врз помладата генерација, изјави планинарскиот водич Исмет Шурбан.

„Тоа ќе резултира со поголеми придобивки како што се: животен стил и добро здравје, посета на локалитети од природно значење, учење за биодиверзитетот на планините и поширокиот регион, планинарска култура, заштита на животната средина итн“, рече Шурбан.

Проектот се реализира во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-Reload2, финансирана од ЕУ, спроведена преку УНДП.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 38 минути

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 2 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена