Гостивар
Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Христовото воскресение, празникот центар на православната вера, во Гостивар вечерва беше дочекан масовно, со заедничка споделена радост за веста што ја содржи сржта на постоењето-Победа на животот над смртта.
Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на градот, целиот градски плоштад и околниот простор беше преплавен со народ, дојден со трепет во срцата да ја дочека веста за воскресението на Спасителот. Според обичаите и традициите, на објавувањето на веста за Христовото воскресение и претходеше трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе.
На полноќ се означи Велигден, празникот кога Исус станал од мртвите и ја докажал својата божествена моќ. Граѓаните си честитаа како што налагаат обичаите, со „Христос Воскресна-Навистина Воскресна“ и традиционално се кршеа со велигденските јајца, обичај на кој најмногу му се радуваат дечињата. Одбележувањето на празникот продолжи со утрена и литургија на Свети Јован Златоуст. Верниците вечерва го завршија седумнеделниот пост.
Велигден се слави како празник над празниците, победа на животот над смртта. Црвените велигденски јајца го симболизираат повторно раѓање. Се верува дека тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата – воскреснувањето од мртвите. Претходно во црквата беше пречекан благодатниот оган. Палењето на свеќите е симбол на распространувањето на Исусовата светлина, која никогаш не гасне. По обичај, свеќата се носи дома и со неа се пали кандилото.
Богослужбите продолжуваат и во наредните денови од велигденските празнувања.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос