Гостивар
Гостивар преку детска претстава ќе порача: Сите сме еднакви, да имаме магично другарство!

Во Гостивар во сабота (4 јуни) ќе се одигра инклузивна детска претстава „Магично другарство” , преку која на креативен и интересен начин ќе се пренесе порака за прифаќање на различностите, поттикнување на дружба и заедничка забава.
Настанот го организираат Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби – подружница во Гостивар и Куќа на среќата Скопје со поддршка на Општина Гостивар.
„Да ги научиме децата дека без разлика на нивниот развој сите сме еднакви, но со различни потреби и можности. Преку претстава, игра и забава сакаме да ја пренесеме пораката на инклузивост, на прифаќање на различностите и гласно да размислуваме и да разговараме за различните потреби на другите деца со попреченост. Кловновите Заги и Диши на најмладите ќе ви пренесат една прекрасна порака, порака како да ги прифатите различностите и како можете да имате едно заедничко и убаво магично другарство. Овој настан е без повод, без одбележување на некој посебен светски ден, но е со причина – дека не треба да чекаме одбележување на некој ден, дека секој ден треба да е наш ден, дека секој ден треба да шириме љубов, да делиме насмевки и меѓусебно да се прифатиме и сакаме без разлика на различностите. Ги поканувам сите граѓани, сите деца од Гостивар да дојдат, да ја проследат претставата и да се дрижиме“, рече Маргарита Милошеска од Ресурсниот центар.
Претставата, во која ќе има делови на македонски, албански и турски јазик, ќе се одржи во летниот Амфитеатар покрај Кејот, со почеток во 11 часот.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение