Вести
Гостивар се збратими со хрватската општина Света Недела
Со потпишување на Повелба за пријателство и соработка, викендов се официјализираше збратимувањето на општина Гостивар со општина Света Недела, Хрватска. Договорот го потпишаа двајцата градоначалници, Арбен Таравари и Дарио Зуровец, во рамките на свечената седница на Градскиот совет на Света Недеља, по повод Денот на градот, соопшти службата за информирање на Гостивар.
“Општина Света Недела е совршен пример за тоа како функционирањето на општинската администрација и соработката со бизнис секторот може да создаде клима за работа и живот. Со збратимувањето на нашите две општини, убеден сум дека ќе имаме голема корист од меѓусебната размена на искуствата”, стои во изјавата на Таравари.
Според градоначалникот на Света Недела, Зуровец, темелите на оваа соработка се оствариле благодарение на почесниот конзул на Република Хрватска во Скопје, Вита Хузјан.
Збратимувањето на двете општини има за цел воспоставување на пријателски, културни, општествени и претприемачки односи, како и подобрување на развојот на меѓудржавната соработка на локалните заедници во име на демократијата и заедништвото, потенцираат од општина Гостивар.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди