Вести
Гостивар со најмногу заболени од грип во Македонија

Расте бројката на заболени од грип на гостиварското подрачје. Според податоците од Институтот за јавно здравје, од вирусот на грип во Гостивар до сега се заразиле 215 граѓани, што е најмногу во целата земја. На второ место по заболени од грип е соседно Тетово, а по него следуваат Куманово, Скопје, Струмица. Епидемиолозите оценуваат дека станува збор за вообичаена бројка и сезонски очекувана состојба со ширењето на грипот.
Во амбулантите низ Гостивар има и зголемен број на пациенти со настинки, вирози и инфекции на горните дишни патишта. Лекарите предупредуваат дека не секоја таква состојба значи дека лицето има грип и советуваат граѓаните да не земаат лекови без медицинска консултација.
Општите мерки за заштита кои ги препорачуваат се: Да се избегнува собирање и престој во простории со гужва, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни, кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура, често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекциско средство, да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат, потоа топло, но слоевито облекување, топли бањи и да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024