Гостивар
Гостивар со нова уредена пешачка патека Бајрак Тепе

Гостиварци добија ново уредено место за прошетка и рекреација. Денес, на пригоден настан и со рекреативно пешачење во група на планинари, граѓани и ученици, беше промовирана новоуредената пешачка патека Бајрак Тепе во должина од 3 километри. Освен што испешачија и уживаа во природата, присутните имаа можност и да се запознаат со карактеристиките на патеката.
Уредувањето на патеката е во рамки на проектот „Гостивар повикува: Ајде на планина”, што го спроведуваат Асоцијацијата за демократска иницијатива и Здружението на планинарски спортови „Шари”.
„Во изминатите неколку месеци работевме на сондажа, уредување, чистење и маркирање како и поставување на соодветна сигнализација – патокази и инфо – табли на планински и велоспипедски патеки. Беа уредени 4 планински патеки во должина од околу 40 км и 5 велосипедски патеки во должина од околу 160 км. Сите патеки се во околината на Гостивар. Една од патеките, која официјално се промовираше денес е Бајрак Тепе. Патеката е лесна за пешачење и нуди прекрасен пејзаж. Гостивараци од сите возрасти имаа можност да ја откријат новата патека и да уживаат во уредениот предел.“, соопштија организациите.
Проектот е поддржан од РЕЛОАД 2 програмата на УНДП и Општина Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос