Вести Гостивар
Гостивар сплотен во пораката: Да изградиме еднакво општество и да создадеме еднакви услови

Објавено
пред 2 годинина

Штафетата на еднаквоста, која се одржа во Гостивар во знак на поддршка на лицата со попречености, сплоти голем број граѓани, активисти, млади луѓе, ученици кои заедно испратија порака дека сите имаат право на соодветни услови за секојдневно функционирање и дека дискриминацијата треба да се заборави засекогаш.
Настанот го организираа здруженијата „Заедно Можеме“ од Гостивар, „Вера“ од Струмица, Ресурсниот центар на родители на децата со посебни потреби, граѓани активисти, водени од гостиварката Билјана Беловинова, докажан хуманитарец.
„Апелирам до сите од секојдневниот политички и општествен живот, родители, пријатели и сите ние, заедно да изградиме еднакво општетсво, да обезбедиме еднакви услови и да научиме како да создаваме совршени односи меѓу нас, да уживаме во харминија едни со други, но и да си помагаме, рече Маргарита Милошеска, координатор на Ресурсниот центар.
Претседателот на Здружението „Заедно Можеме“, Шпенди Салија во своето обраќање се заблагодари на големата поддршка за настанот и нагласи дека во создавањето на еднакви услови во општествто и надминувањето на предрасудите треба да се вклучат сите граѓани и институциите.
Своја порака испрати и Јосиф Мишевски, момче со ретка болест од гостиварско Тумчевиште: „Овде сум за да ги пренесам моите искрени чувства, мотивација, љубов, затоа што тоа е она што на сите ни е потребно. Оваа иницијатива е многу моќна, но не е доволен само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Така треба да биде секој ден“.
Пред присутните на градскиот плоштад, кадешто се заокружи Штафетата на еднаквоста се обратија претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари кои искажаа зборови на поддршка и ангажирање на институциите за решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попречености.
Настанот го поддржаа и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, аналитичарот Алберт Муслиу, претставници на различни политички партии од Гостивар, Општинската организација на Црвениот Крст, спортски клубови, музичари, личности од јавниот живот.
АНКЕТА:

Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Голем православен празник Богојавление – Водици

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Еден од условите да донирате конвалесцентна плазма е да имате над 55 килограми

Студенилото продолжува уште неколку денови

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка