Гостивар
Гостивар тажи – Една година од трагичната несреќа со 16 жртви
Денес се навршува една година од страотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 16 човечки животи и го зави Гостивар во црно. Гостиварци се` уште чувствуваат тага по своите сограѓани и со болка и жалење го спомнуваат трагичниот настан. 13 февруари, 2019-та година, ќе остане запишан како мрачен датум за градот, но и за целата држава.
Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, под до сега се уште необјаснети околности излетал од коловозот, ги пробил банкините, паднал и се превртел на стариот дел од патот.
Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.
Трагедијата ја стресе земјава, беа прогласени денови на жалост, се одржаа комеморативни седници во спомен на жртвите. Гостивар го посетија многу државници, кои изразија сочувство и се потпишаа во книгата на жалост.
На жителите од селото Ласкарци, кои први притрчале да помагаат при несреќата, општината им додели благодарници.
Гостивар се обедини во тагата и во пораката „Сите се возиме во ист автобус“
Републичкото јавно обвинителство отвори случај во кој се осомничени седум лица, меѓу кои возачот на автобусот и сопственикот на „Дурмо турс“. Шест лица се осомничени за „тешки дела против безбедноста и луѓето во имотот и сообраќајот“, додека седмото лице е обвинето за „несовесно работење во службата“. Обвинителниот акт во овој пред го застапува обвинителот Дарко Јакимовски, а Кривичниот совет го води судијката Диана Груевска-Илиевска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар