Вести
Гостивар и Тетово ќе се гасифицираат за неполни две години

Гасификацијата на Полошкиот регион би требало да се заокружи до крајот на 2018-та година. До тогаш се очекува да биде готов магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар, чија изградба е во тек.
Според најавите кои пристигнаа од денешниот увид на терен, гасот до домаќинствата и стопанските капацитети во полошо, ќе стигне за неполни две години.
„Според нашите пресметки, се очекува овој регион да има потрошувачка помеѓу 80 и 90 метри кубни годишно“, изјави директорот на државната компанија Македонски енергетски ресурси, Крсте Миладинов.
Гасоводот, кој е трет дел од Проектот за изградба на националниот гасоводен систем во Македонија е во вкупна должина од 86 километри. Вредноста на проектот изнесува околу 28 милиони евра, финансиски средства обезбедени преку кредит од германската Дојче банк и Ерсте група.
На увидот на работите на терен, беа премиерот Емил Димитриев, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!