Гостивар
Гостивар-Тетово-Скопје: На секој километар по 50 вреќи ѓубре!
Периодов екипи ангажирани од Јавното претпријатие за државни патишта спроведуваа акции за чистење и уредување на патниот појас на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Се вршеше косење на тревата, сечење грмушки и друга обрасната вегетација, а целиот простор се чистеше од нафрланиот отпад. Надлежните велат дека наидувале на големи количини смет и апелираат на поголема свест кај возачите.
„Ние ѓубрето ќе го исчистиме, но на еден километар пат да се собираат по 50 вреќи ѓубре е навистина премногу. Колку и да се ангажираме, ако самите учесници во сообраќајот не дадат придонес во тоа, нема целосно да постигнеме да биде како што треба. Апелирам сите ние да се заложиме во овој дел да има еден убав амбиент за патување.“, изјави при неодамншената посета на гостиварскиот регион, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
На автопатот добро познат и дамнешен проблем е крадењето на заштитната мрежа, што носи висок ризик за несреќи.
„Денес поставуваме нова заштита мрежа, утре ја вадат. И ќе извадат 5 метри мрежа, навистина не знам за што ќе ја употребат, но таа 5 или 10 метри мрежа чини толку малку, во споредба со несреќата или инцидентот што може да се случи заради нејзиното крадење. Граѓаните треба да се свесни дека оваа заштитна мрежа е за безбедност на нивните браќа, сестри, сограѓани и соседи. Што да правиме: Да ставиме бетонски ѕидови од по два метри. Не е тоа решението. Решението е кај самите нас“, рече Китанов.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград