Гостивар
Гостивар: Викенд на физички напади, лумпување и агресија

Полицијата на гостиварското подрачје во викендот што измина регистрира низа случаи на физички напади и нарушувања на јавен ред и мир. Во продолжение информациите од полициксиот билтенот:
Триесет и осумгодишниот А.М. од гостиварска Горна Бањица, вчера (20 август) во 11 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 10 часот на пат за ова село бил физички нападнат од неговиот сосед Ф.Е.(35), а поради нивен судски спор.
Четириесет и шестгодишниот гостиварец К.Р., вчера (20 август) во 17 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 20 минути на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, бил физички нападнат од неговиот роднина Ш.Р.(69) Според пријавеното, Ш.Р. му се заканил и со огнено оружје.
На 19 август во 14 часот во Полициска станица Гостивар 48 годишниот гостиварец Х.З. пријавил дека околу 13 часот во угостителски објект во Гостивар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од А.Р.
Исто така на 19 август во 22.10 часот во Полициска станица Гостивар 30 годишниот гостиварец А.А. пријавил дека околу 20.30 часот во неговиот двор во Гостивар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од неговиот сосед И.Н.
Истата вечер во 20.10 часот во Гостивар од полициски службеници се приведени двајца гостиварецио Л.Е.(56) и М.Б.(49) затоа што според пријавеното истите по претходна расправија го нарушиле јавниот ред и мир.
Дента пак, на 19 август во 16.20 часот во населба Маврови Анови, Општина Маврово и Ростуше од полициски службеници е приведен Р.Ѓ.(53) од Леуново затоа што според пријавеното го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
МВР извести дека се работи на целосно расчитување на случаите и поднесување соодветни пријави.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!