Поврзи се со нас

Култура

Гостивар во чест на моќта и безграничноста на стиховите – Поетски настан за Денот на поезијата

Објавено

на

  • English

Љубовта кон пишаниот збор и стихувањето брише граници, ги поврзува луѓето со позитивна нишка и надминува секакви бариери. Ова се докажа и преку настанот посветен на поетското творење, кој се одржа вчеравечер во Гостивар, чиј домаќин беше Центарот за култура АСНОМ.

На сцената во малата сала со свои стихови се претставија дваесетина поети од Гостивар од различни генерации и националности. Манифестацијата се одржа во чест на Светскиот ден на поезијата 21 Март.

„Ви благодариме што ни пруживте една прекрасна вечер, се надевам дека и во иднина ќе имаме уште поубави вакви вечери на поезијата. Знаете дека настанот требаше да го одржиме на 21 Март, но поради големата трагедија во Кочани што вие поетите би ја кажале со еден збор, „непребол“ , ја одржуваме денес. Се надевам дека веќе никогаш и никаде нема да се повтори ваква трагедија.“, рече Валентина Тасеска, организатор на настанот од Центарот за култура.

Дел од претставените песни беа посветени на трагедијата со пожарот во Кочани. Вечерта на стихотворењето беше и можност за потсетување на моќта и безграничноста на поезијата.

„21 март, Светскиот ден на поезијата е ден кога се слави убавината и моќта на стиховите како еден од најстарите облици на човечко изразување. Овој ден ни дава можност да го одбележиме влијанието на поезијата на различни култури и народи и да се потсетиме на нејзината способност да ги поврзува луѓето без оглед на границите и јазиците. Поезијата не само што служи као израз на емоции туку и како начин на размислување, критика и размена на идеи. Преку стиховите можеме да го разбереме светот околу нас , а и да го почувствуваме на личен начин.“, беше речено на одбележувањето.

Од манифестацијата беше испратена порака до сите, но особено до младите кои творат да се охрабрат за учество во поетски читања и конкурси и да ја презентираат својата поезија пред љубителите на пишаниот збор.

„Навистина е убаво да се поканат сите оние кои творат и да се охрабрат сите оние кои што досега не се осмелиле да го презентираат  она што го пишуваат пред други, можеби ке најдат на малку поразлични мислења и критика. Но критиката не мора да значи секогаш дека е негативна, таа може да биде позитивна и да биде давање на насока како понатака да се твори“, се наведе во пораката.

Настанот беше збогатен со музички изведби. Директорката на Центарот за култура, Фарие Адили на учесниците и поддржувачите им додели благодарници.

Одбележувањето на 21 Март во Гостивар се организираше со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Што, како, каде?!пред 3 недели

Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

Македонијапред 1 недела

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Македонијапред 1 недела

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 4 недели

Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

Магазинпред 2 недели

Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

Рецептипред 3 недели

Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

Занимливостипред 3 недели

Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

Македонијапред 4 недели

Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

Гостиварпред 3 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 4 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 5 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 7 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 9 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 1 година

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Advertisement
Smartwatch

Паметен часовник со USB

~611 ден
Купи сега
Полнач

12V Батерија Полнач

~248 ден
Купи сега
Гланц крема

Гланц крема за гума и браник

~146 ден
Купи сега
Држач

Магнетен држач за телефон

~98 ден
Купи сега
Паста

Паста за поправка на кожа

~125 ден
Купи сега
Слушалки

Bluetooth слушалки

~260 ден
Купи сега
Selfie

Селфи видео далечински

~173 ден
Купи сега
Лампа

LED батериска лампа

~170 ден
Купи сега
Фустан

Женски фустан

~489 ден
Купи сега
Дрон

Дрон со далечинска контрола

~999 ден
Купи сега
Мемориска

Micro SD мемориска картичка

~134 ден
Купи сега
Правосмукалка

Правосмукалка за автомобил

~379 ден
Купи сега
Одвртувач

Електричен одвртувач

~710 ден
Купи сега

Популарно изминативе 100 дена