Гостивар
Гостивар во сеќавање на прерано починатиот Јетон Алији со изложба на негови фотографии

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вечерва беше отворена пост-мортем изложба на фотографии, дело на гостиварецот Јетон Алији. Во холот на установата изложени се дваесетина фотографии со различни мотиви, меѓу кои има и такви со препознатливи места и симболи на Гостивар.
Изложбата е еден вид одавање почит кон прерано починатиот гостиварец и слава на неговата уметничка перфекција.
„Со својата фотографија Јетон остави белег вреднуван од престижни светски списанија, често наградуван со први места. Тој беше еден од најистакнатите уметници и дејци на Гостивар. Беше полиглот, владееше 5 странски јазици, разботеше како преведувач и координатор во меѓународни организации, во Ирак и Африка во областа на човечки ресурси, неколку години и како координатор за односи со јавноста во Општина Гостивар, и беше успешен ТВ водител“, рече Лулјета Усеини од Центарот за култура, организатор.
Колеги и пријатели во обраќања потсетија на неговите позитивни карактерни особини: комуникативноста, посветеноста, амбициозноста, љубезноста…
Во каталогот на изложбата Осман Демири меѓудругото пишува: „Мотивите на неговите фотографии се најразновидни, но имаат заеднички именител, да го видат светот сосема поинаков од оној што го опкружувал, а тоа е совршенството. Тоа го докажуваат фотографиите од неговиот роден крај, кои ги претставил на најдобар можен начин и оние што ги направил во европските метрополи, а сето тоа поттикнато од неговата гордност и желба за социјална еднаквост, било економска, било духовна“.
Семејството на Алији изрази голема благодарност за организаторите и сите кои дадоа свој придонес во овозможувањето на оваа изложба.
Јетон Алији е роден 1981 година во гостиварско Србиново, кадешто завршил основно училиште, а потоа средното образование го оформил во гимназијата во Гостивар, додека факултетските студии на УЈИЕ Тетово. Последните години ги помина во Германија, каде што и почина во 2021-ва година.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!