Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар завиен во црно по ужасната несреќа која однесе 14 животи

Објавено

на

Трагичната сообраќајна несреќа која се случи вчера попладне кај Карпалак, го зави Гостивар во црно. Гостиварци се уште се во шок и неверување од тоа што се случи. Нема зборови со кои може да се опишат болката и голема тага по сограѓаните кои ги загубија животите во несреќата.  Загинаа четиринаесет луѓе, а петмина се во тешка состојба и се борат за живот.

Денес и утре се денови на национална жалост, додека Советот на општина Гостивар во 12 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе прогласи тридневна жалост.

Градоначалникот Арбен Таравари, ноќеска беше во Скопје да ги посети повредените и да се информира за нивната состојба и изрази сочувство за загинатите.  “Денешниот ден е еден од најтешките денови на Гостивар … Во трагичната несреќа, има преживеани, има повредени за кои се молиме … но … исто така има и Загинати! Нека им е лесна земјата! Бог нека им даде сила на семејствата на загинатите за да ги издржат овие страшни загуби! Бог нека ни помогне да бидеме силни во овие моменти на болка, која што е вон секоја имагинација!Гостивар е во жалост“, изјави Таравари.

Според првичните информации, несреќата се случила кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ преминал преку спротивната лента на автопатот, а потоа излетал преку локален пат и се превртел на кров. Синоќа откако местото беше обезбедено започна увид, за кој беше најавено дека продолжува денес. На автобусот ќе се врши вонреден технички преглед. Причините за несреќата ќе се утврдуваат.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена