Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар – Жените и раното препознавање на криминалот…

Објавено

на

На тема „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, денеска (9-ти мај) во Гостивар беше одржана работилница, што заеднички ја организираа Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) во Скопје и Секторот за внатрешни работи Тетово-Отсек за превенција.

На работилницата на која присуствуваа претставнички од повеќе невладини и други организации и институции од подрачјето, универзитетски професорки и претставници на ОБСЕ беше разговарано за  соработка на полицијата со заедницата и значење и улогата на жената во раното препознавање на криминалот.

Во вториот дел, поделени во неколку работни групи, учесничките на работилницата интерактивно дебатираа и презентираа – што го загрозува чувството на безбедност, како се загрозува безбедноста во семејството, која е улогата на жените во полициската соработка со локалната заедница и друго.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена