Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци да дојдат на летување во Улцињ – покана од Хајдинага, директор на градската Организација за туризам

Објавено

на

Г‘зим Хајдинага, директор на Организацијата за туризам на Улцињ, Црна Гора денес беше во посета на Општина Гостивар и упати директна покана до гостиварци, својот летен одмор годинава да го поминат во овој приморски град.

Пандемијата е нешто посилно од нас, но се надеваме дека утре ќе биде подобро. Мораме како туристичка дестинација да мислиме на подобро утре, секако не смееме да се предадеме. Црна Гора според мене, лани направи погрешен чекор со затворање на границите и тоа беше силен удар врз економијата. Нашата стратегија сега е да мислиме и делуваме позитивно. Генерално Црна Горна, а особено Улцињ има убави плажи, гостопримство, конкурентни цени, што верувам дека се привлечни за сите. Она што можам да го пренесам е дека дефинитивно Црна Гора ќе биде отворена. Ако сега тргнете за Улцињ, не ви треба ни документ за вакцинација, ни ПЦР тест. Фактот дека некој одлучил да оди на некоја дестинација значи дека е здрав, ќе се чува себе си и своите блиски. Ние како домаќини секако ќе бидеме на ниво“, рече Хајдинага.

Градоначалникот Арбен Таравари рече дека треба да бидеме опимисти во поглед на смирување на состојбите со ковид пандемијата, иако ништо не може да се предвиди. „Можеби ќе се смират работите, а можеби туризмот ќе се одвива како и лани, во вонредни услови. Секако, луѓето после една година затворање, ќе сакаат со семејството да поминат неколку дена на одмор, во некое друго место. Да бидеме оптимисти и да се надеваме дека состојбата нема да биде вака драматична, како сега. Заедно со почитуваниот г. Гзим Хајдинага, испраќаме порака да го посетиме и да не го заборавиме Улцињ, градот на гостопримството, каде што секој се чувствува добро. Им се обраќаме на граѓаните на Гостивар и пошироко, да го посетат ова прекрасно место со неговите уникатни одлики на гостопримството и уникатните фасцинатни предели.“, рече градоначалникот.

При посетата домаќинот и црногорскиот гостин си разменија симболични подароци.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена