Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци ќе се мотивираат повеќе да користат велосипеди

Објавено

на

Во рамките на „Европската недела за мобилност“ и неодамна промовираната кампања „Вози велосипед“ утре (22 септември ) во Гостивар планирана е активност со почеток во 17 часот.

„На улица „Браќа Ѓиновски“, во близина на Центарот за култура „АСНОМ“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар и претставници од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај ќе делат соодветни флаери со пораки за почесто и правилно користење на велосипеди и за почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на кампањата е да се афирмира, поттикне и поддржи користењето на велосипеди, не само од младите, туку од сите кои имаат можност за тоа и на таков начин да остварат бројни здравствени, еколошки и други општествени бенефити. И утрешната активност, инаку е дел од повеќегодишната днонасочна соработка на МВР и Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај.“, информира СВР.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена