Гостивар
Гостиварци лути на несовесноста на поединци-Уништени инфо табли, корпи за отпад, урбана опрема…

Градскиот парк и шеталиштето крај Кејот на реката Вардар се омилените места за релаксација на гостиварци од сите генерации, но поединци со своето несовесно однесување постојано го нагрдуваат просторот. Искршени реквизити на поставените игралишта, уништени информативни табли, корпи за отпад…Глетка која не е пријатна за оние што одлучуваат дел од времето да го поминат тука. Екипата на Gostivarpress.mk денес направи обиколка и поразговара со граѓаните за оваа несакана и штетна појава. Низ паркот и покрај Вардар имаше пензионери, мајки со помали деца, ученици…Сите беа сложни дека тоа што е поставено на јавните површини не треба да се оштетува, туку да се чува за да може да се користи што подолго време, затоа што е за добро на заедницата.
„Секој ден доаѓам на шеталиштето, добро е за здравјето, а можам и да се видам и да си помуабетам со пријателите. Убаво е, уредено, има клупи да се седне, да се одмори, но многу лошо е кога ќе видиме нешто искршено, а има многу такви примери. Зошто да не си ги чуваме тие работи, од кои сите ние имаме само корист, тоа е јавно, за сите, не треба да се уништува“ ни рече еден пензионер.
На уништувањето на информативнa таблa со податоци за планинарска патека викендов реагираше и Здружението „Шари“. Таблата беше оштетена многу кратко откако, членовите на друштвото ја поставија за да придонесат во информирање на планинарите и рекреативците кои сакаат да уживаат во благодетите на природата.
Искршени се и дел од реквизитите во новото детско инклузивно катче и кошаркарско игралиште.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос