Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци мераклии на свадби, забраната за веселби драстично го намали бројот на бракови

Објавено

на

Нема свадби, нема бракови. Забраната за организирање свечености поради ковид пандемијата, значително влијаеше врз склучувањето на бракови во Гостивар. Се бележат драстични намалувања на новите брачнии заедници, кои не се паметат во изминатите години.  Според податоците од Државниот завод за статистика, на територијата на Општина Гостивар лани се формирале 493 брачни заедници, што е скоро 200 помалку, споредено со претходната година. Причината лежи во пандемијата, карантините и забраните за организирање свадби го направија своето, подвлекуваат психолозите.

„Таа цифра од 200 бракови помалку е аномалија, не е природна цифра. Можеме да ја препишеме единствено на ненормалната година што ја имавме со одложување на свадби, одложување на венчавки, на социјални собири. Секако дека сите мерки кои одеа на тоа да се изолираме едно од други придонесоа да се одложат сите наши планови и тоа би била најлогичната причина, други причини не гледам. Да се случи таков пад на бракови до сега немало и тоа дирекно укажува на пандмската година во која живеевме“, вели психологот Билен Карахасан.

На прашањето, дали пандемијата довела до страв кај младите да направат таков голем чекор во животот, психологот со одговор: „Тоа е комплексно прашање, затоа што не знаеме со каква психа и ставови ќе излеземе од оваа криза, дали гледиштата на светот ќе ни се сменат. Но, едно е сигурно човекот е социјално битие, во природата на човекот е да живее во семејство. Ништо во овој свет, не може да ја смени таа тенденција во животот на луѓето, па ни пандемијата“.

Намалување на новите брачни заедници минатата година имало и на подрачјето на соседните општини. Во Врапчиште се склучиле 239 бракови, додека во Маврово Ростуше 49. И во двата случаи има пад за 20-тина.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена