Поврзи се со нас

Гостиарски

Гостиварци поставија две мерни станици за квалитет на воздухот во Гостивар

Објавено

на

На иницијатива на група гостиварци, во рамки на проект неодамна на две локации во Гостивар поставени се Мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот. Во споредба со државните мониторинг станици кои го мерат загадувањето според зададен алгоритам, прикажувајќи ги резултатите на одереден период (еден час), „гостиварските“ имаат ласерски сензор за ПМ10 и ПМ2.5 штетни честитчки и резултатите се прикажуваат во реално време.

Идејата потекнала од желбата да дадат свој придонес во обезбедувањето информации околу аерозагадувањето во градот. Станиците се лоцирани близу големиот пазар и во близина на бензиската на излезот од Гостивар кон Тетово.

Параметрите од мерењата може да се следат на Gostivarpress.mk како и на страницата на NTPMK.

„Идејата за мерење на квалитетот на воздухот во Гостивар како open source проект почнав да ја размислувам уште од почетокот на 2019-та, затоа што како што знаеме воздухот е моментално проблем скоро на секаде низ државава, а официјалната мерна станица што е поставена до скоро беше во прекин и не работеше долго време. Заедно со Благоја Беловинов решивме да почнеме да ги собираме потребните материјали и да почнеме со иницијално тестирање. Раде Божиновски, беше вклучен уште од самиот старт како frontend web developer почна со идеи како би се редизајнирал сајтот. Набрзо како web development се вклучија и Златко Ристевски и Никола Николоски. Сите како експерти во нашето поле придонесуваме заедно за развојот на овој проект, како граѓани на Гостивар сме загрижени за моменталната ситуација во нашиот град, и сакаме да придонесеме на овој начин. Првата мерна точка ја поставивме на ул.„Панче Попоски“ кај големиот пазар. Анализата што ја направивме е дека резултатите се веродостојни, во дадени услови скоро исти како и државната мерна. Не може да бидат идентични, затоа што се на различни локации во градот. Втората мерна ја поставивме на ул. „Сретко Крстески“ во близина на бензинската пумпа Макпетрол. Во план ни е да продолжиме со поставување на уште мерни точки низ нашиот град. Благодарение на Златко Ристевски во развој е андроид и иос апликација за на мобилни и таблет уреди, а исто така ќе има и нова веб страна која што ќе биде само за квалитет на воздух во Гостивар.“, објасни Богдан Јелискоски.

Покрај „мерењето“ на аерозагадувањето овие IT гостиварци амбициозно јуришаат и кон покрупни зафати, впрочем кратенката NTPMK која ја спомнавме во текстот (Network Time Protocol Macedonia) е првиот јавен бесплатен NTP сервер за временска синхронизација на уреди и апликации во Македонија.

„Идејата пак за NTPMK проектот е уште од 2017-та. Првичната идеја и сервис кој што е активен исто така е првиот јавен слободен NTP сервер за временска синхронизација на уреди и апликации во Р. Македонија и остатокот од Европа. Овој сервис е бесплатен за сите да го користат. Моментално опслужува околу 300 клиенти примарно од Р. Македонија како прв гео – локациски сервер од овој вид, па се до Србија, Словенија и Хрватска. NTP серверот е регистриран во официјалниот регистер на NTP заедницата, и објавен е научен труд на конференцијата ICT Innovation 2019-та во Охрид“, вели тимот на NTPMK.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена