Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци повлекоа црвена линија за Русино: Дислокација и никако поинаку!

Објавено

на

Гостиварци нема да отстапат од барањето Русино да се дислоцира и не се согласуваат со реализација на проект за уредување. Децидни се за дислокација на депонијата и не се согласуваат со никакви поинакви решенија.

Вчеравечер, Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“ одржа состанок и ги утврди ставовите и барањата, со кои ќе излезат на јавната дебата што ја организира Општина Гостивар утре.

„На состанокот граѓаните го искажаа својот револт и дадоа свои идеи и мислења како би делувале понатаму. Излегуваме со наши цели, барања и тоа: Итно да престане и да се спречи палењето на отпадот на Русино, потоа да се затвори Русино, која не е ни депонија, туку обично ѓубриште и трето, да се преземат итни мерки да се санира тој простор и ѓубрето што е веќе таму. Компромис со здравјето не се прави. Тоа е многу важно да се знае, затоа што станува збор за многу сериозни последици по здравјето на граѓаните. Ова се нашите крајни барања, од кои нема да отстапиме. Тоа се барања на граѓаните на Гостивар, не се само на поединци.“, рече Бујар Креци од Граѓанската иницијатива.

Од Стоп Русино велат дека ќе продолжат со протести, согласно мерките за заштита од ковид, а следните чекори ќе ги преземаат зависно од развојот на настаните со Русино.

Јавната дебата утре ќе се одржи во 19 часот во Летниот Амфитеатар. Според најавата присутни ќе бидат Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, претставници на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, преставници на Министерство за животна средина и просторно планирање и претставници на EAER/SECO, преку кои се спроведува проект за управување со отпадот во полошкиот регион.

 

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 2 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 1 ден

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена