Гостивар
Гостиварци прават свадби од Америка до Узбекистан
Значителен дел од браковите на граѓани од Гостивар се склучуваат надвор од границите на државата, што е уште еден показател на несопирливиот бран иселување. Според податоците од гостиварската матична служба, минатата година во книгата на венчани, регистрирани се вкупно 549 бракови, од кои 442 се склучени во Гостивар, а 107 се склучени во други држави, а потоа внесени во домашата евиденција.
„Од браковите склучени надвор од земјава, најголем дел се во Швајцарија 42 и во Германија 23. Во Турција биле склучени 10, Италија и Австрија по 8, Косово и Србија по 3, Словачка и САД по 2, додека во Албанија, Босна, Франција, Узбекистан и Бугарија по еден.“, информира директорката на подрачното матично одделение во Гостивар, Лумније Абдулаи.
Статистиката покажува дека иако има голем број брачни заедници кои се формализирале во странство, само мал дел се со странски државјани. Од вкупној склучените бракови во Гостивар лани, во 22 еден од брачните другари бил странец.
Инаку, ковид пандемијата и рестриктивните мерки имаа значајно влијание брз намалување на бројката на бракови, особено во 2020-та година кога таа изнесуваше 493. Минатата година, сепак се бележи зголемување, што може да се протолкува како резултат на укинувањето на забраните за правење на свадбени веселби.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар