Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци со 3-то место на Младинското екипно првенство во шах

Објавено

на

Шаховскиот клуб Гостивар забележа нов успех викендов. Екипата која учествуваше на Младинското првенство во шах во категоријата У12, го освои третото место. Со бронзени медали се закитија Алиќемал Абди, Дарио Николовски, Марко Андоноски и Олти Салмани.

„Горди сме на постигнатиот резултат. Конкуренцијата беше голема. На првенството учествуваа рекордни 240 деца од 13 шаховски клуба од Македонија, во категории по години. Гостивар учествуваше во три категории: од 8-10, од 10-12 и 12-14. Успехот е доказ дека Гостивар има шаховски таленти и треба да вложува во развој на овој спорт“, вели претседателот на клубот, Воислав Мерџаноски.

Селекцијата на учесниците од Гостивар на Младинското првенство беше направена преку меѓуучилишниот општински натпревар во шах што се одржа минатиот викенд.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена