Гостивар
Гостиварци со голема донација за погодените во земјотресот
На иницијатива на група млади гостиварци, со желба и воља да излезат во пресрет на погодените во катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и Сирија, изминатите два дена се организираше хуманитарна акција за помош.
Во неа се вклучија бројни граѓани и компании и се собра голема донација од она што е најпотребно: топла облека, ќебиња, јоргани, храна, средства за хигиена и друго. Според најавите на организаторите донацијата тргнува кон Турција вечерва.
„Многу не‘ потресе тоа што се случи и меѓу себе зборувавме како може да помогнеме, па решивме да направиме акција. Гостиварци покажаа дека се хумани, имаат широко срце и се вклучија во многу голем број, за што сме благодарни. Транспортот на донацијата ќе почне вечерва со помош на комапнија која ни‘ излезе во пресрет“, рекоа од групата организатори.
Тука нема да сопрат активностите за помош. На неколку пункта во Гостивар поставени се кутии за донирање на финансиски средства, кои ќе останат до крајот на неделава.
Хуманата иницијатива ја поддржа Општина Гостивар, а градоначалникот Арбен Таравари денес беше во спортската сала, каде се врши финалната селекција и пакување на донацијата.
„Гостиварци секогаш знаат да бидат солидарни и хумани, а тоа го покажаа и овојпат со оваа добра иницијатива на група младинци. Нормално, ние како општина ја поддржуваме акцијата, а и формално-правно сето ова ќе се достави преку Општина Гостивар, за да нема некои проблеми. Се надеваме дека донацијата ќе стаса што поскоро до оние на кои им е потребна“, рече градоначалникот.
Во разорниот земјотрес во Турција и Сирија, според последните податоци животите ги загубија над 17.000 луѓе.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар